6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Исповед: Мајка ми го напушти татко ми, мене и сестра ми, едноставно отиде со друг…

Мајка ми го напушти татко ми, сестра ми и мене, едноставно отиде со друг човек, никогаш не дојде да не види, да праша како сме. Точно се сеќавам на тој ден, имав само 10 години а сестра ми имаше 5. Татко ми работеше за минимална плата, работеше и дополнително за днавници само за да имаме повеќе пари но на неа се и беше малку, на крајот си најде човек со пари… На мене и на сестра ми никогаш ништо не ни фалеше во животот, татко ми ни даде се.

Сега имам 21 година, почнав да работам и имам плата малку поголема од неговата. Сега сфаќам колку се тоа малку пари, а тој успеа со уште помала плата да не израсне мене и сестра ми.

„Мајка ми“ ја видов 4 пати во животот и таа ме виде мене сигурна сум ама ништо. На сите им велам дека немам мајка, за мене таа е мртва. Не ја разбирам, не можам, зарем парите се поважни од своите деца.

Извор: минута

поврзани објави

Последни објави