4.8 C
Skopje
Saturday, October 26, 2024

е-Магазин: Ќе се распадне ли ВМРО-ДПМНЕ по исклучувањето на седумте пратеници кои гласаа „за“

Седум пратеници од најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа Милевска, Емилија Александрова, Нола Исмаиловска Старова, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски и Зекир Ранчиловиќ се исклучени од партијата, откако синоќа во Собранието гласаа за старт на уставни измени, предвидени со договорот за името со Грција, пишува e-Магазин.

„Оние 7 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои постапија спротивно на партискиот став и волјата на граѓаните на Република Македонија, кој беше пак партиски став едногласно донесен и на Извршниот Комитет и на Централниот Комитет и во координација со пратеничката група ме разочараа мене, но и тоа не е толку важно, затоа што пред се ја разочараа партијата и татковината, и ќе треба со тоа да живеат. Токму затоа вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ одржа вонредна седница и на мој предлог едногласно се усвои веднаш исклучување на овие 7 пратеници од партијата“, изјави Мицкоски.

Партијата на ВМРО-ДПМНЕ и претходно беше во длабока криза, а со најновата одлука станува уште понеизвесно што ќе се случува со неа понатаму.

Никој нема дилема, дека ако сака ВМРО-ДПМНЕ да опстане на политичката сцена, ќе мора сериозно да се реформира и да расчисти искрено и темелно со многу работи од своето блиско минута, пишува порталот е-Магазин.

поврзани објави

Последни објави