2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Влегле но, не излегле од Македонија: Турчин и Албанец уапсени на Табановце

На 20.10.2018 година во 07,55 часот на Граничниот премин Табановце, за излез од Р.Македонија при извршена пасошка контрола на лицето Ј.П.(22) од Албанија било констатирано дека на неговата патна исправа била прелепувана дел на страница од друга патна исправа, со цел прекривање на постоечка забрана за влез во земјите членки на ЕУ.

Лицето е приведено и заедно со патната исправа било предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.

На 20.10.2018 година во 13,20 часот на Граничниот премин Табановце за излез од Р.Македонија при извршена контрола на лицето С.Т.М. (32) од Р.Бугарија. било констатирано неговиот документ за идентификација (лична карта) бил фалсификат. Со него бил извршен разговор во кој изјавил дека документот го набавил за сума од 500 евра, а неговиот вистински идентитет е А.К.(38) од Р.Турција.

Лицето е приведено и заедно со документот било предадено на полициски службеници од СВР-Куманово за понатамошна постапка.

поврзани објави

Последни објави