3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Повеќе од романтично: Приказна за Свети Валентин која ќе ве расплаче

Ова е приказна за постара жена која на секој Свети Валентин добива специјален букет цвеќиња од нејзиниот сопруг, и истата е доказ дека вистинската љубов е вечна и бесмртна. Со сигурност ќе ви го стопли срцето и солзи ќе ви навират во очите…

Со мојот мил сопруг Џон бевме во брак 46 години. Секој Свети Валентин тој ми ги праќаше најубавите цвеќиња, во кои имаше картичка со едноставна порака сочинета од пет зборови: „Мојата љубов кон тебе расте“. Четири деца, 46 букети и вечна љубов, се неговото наследство за мене, откако тој почина пред две години.

На првиот Свети Валентин без него, 10 месеци откако го изгубив, бев шокирана кога добив прекрасен букет адресиран до мене… од Џон. Лута и со скршено срце, му се јавив на цвеќарот да му кажам дека е настаната грешка. Цвеќарот ми одговори: „Не госпоѓо, не е грешка“. Пред да почине, вашиот маж се подготви за многу наредни години и побара од нас да му гарантираме дека Вие ќе продолжите да ги добивате вашите букети на секој Свети Валентин. Тотално трогната, ја спуштив слушалката и ја земав прикачената картичка во букетот. На неа пишуваше „Мојата љубов кон тебе е вечна“.

Приказната е пронајдена како исечок од некое списание, а под неа е потпишана 68-годишната Сју Џонстон, од Хјустон, Тексас.

поврзани објави

Последни објави