12.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Тажна македонска реалност: Две деца секојдневно јадат само леб, вода и шеќер

Леб, вода и шеќер е секојдневниот оброк за две деца од семејството Османи. Ова е приказна што на пошироката македонска јавност ја откри Телевизија 21.

Таткото Реџеп работи, но не успева секој ден да обезбеди пари и храна. Немаат ниту сопствен дом, па затоа бараат од хуманите луѓе да им помогнат за да имаат нормален живот. Најважно од се им е децата да имаат храна.

„Подобро тие да имаат леб отколку јас. Јас не ги оставам децата без леб, собирам по контејнери само децата да имаат што да јадат“

Мајката Фердес лебот го чува надвор бидејќи како што вели, ако го остави внатре може да го нападнат инсектите. Децата се во исчекување да јадат нешто друго освен леб, вода и шеќер.

„Нашиот живот никогаш не бил како на другите. Ние сме навистина во тешка состојба. Моите деца бараат сешто, а јас треба да им ги исполнам желбите, но како? Најпрво треба да ги школувам, а со што да ги школувам кога немам ништо.Повозрасниот бара да учи, бара, но како да му ја исполнам желбата и да го испратам на училиште?“

Телефонски број на семејството – 078 725 433

Целиот прилог проследете го на Телевизија 24.

поврзани објави

Последни објави