По повод на промена на уставното име, денес пред Собранието во знак на револт откако со двотретинско мнозинство во петокот беше изгласана иницијативата за измени во Уставот ќе започне протес.
Истиот е најавен на социјалните мрежи под мотото „Борбата за Македонија започнува!“ Како што велат организаторите протестот ќе започне во 16 часот, а може и подоцна.
„Собирот започнува во 16.00, односно кога ќе можат повеќето после работа, и 17.00, небитно кога, а трае до 21, не е ограничено точно време“, стои во најавата.
Претходно на масовен граѓански отпор повикаа и од партијата Левица. Од таму исто така најавија организирање протести пред Собранието во сите фази од носење на уставните измени.