Како што пренесува ТВ 21, полициски екипи вршат претрес во куќата на Миленко Неделковски во скопското село Ржаничино, ексклузивно дознава ТВ 21.
Од извори од истрагата денеска ТВ21 објави дека новинарот Миленко Неделковски е приведен и донесен во ПС во Велес. Неделковски е приведен поради закани и ширење омраза на социјалните мрежи.
Приведувањето го најави самиот Неделковски кој што на својот „Фејсбук“ статус напиша дека е дојдена полиција да го апси.
На врата ми е дојдена полиција да ме уапси. Без некоја посериозна причина. Имаат “покана”, но немаат детали зошто, како, кај кој инспектор, кога… Фашистите од режимот на Зоран Заев се решени да апсат и уништуваат по секоја цена.
Дудинка пак, ја маваат до ниво на поракава: “ovie stvarno se reseni da ne i dadat na stranata da se vkluci”.
Нека апсат. Македонија е ппголема и од овој момент и од сите нас заедно.
Смрт на фашизмот – слобода за народот.