18.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Дури трае ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Пандов го советува Мицкоски: Исклучи ги овие луѓе од партијата

Пандов додека трае ЦК на ВМРО-ДПМНЕ го советува Мицкоски: Исклучи ги овие луѓе од партијата

Аналитичарот Александар Пандов вечерва гостуваше во „Само Вистина“ на Канал5 каде што негов соговорник беше генералот Стојанче Ангелов.

Според Пандов, Мицкоски како лидер наследил многу лоши структури и корумпирани структури во партијата, кои имаат поблиски ставови со премиерот Заев, а не со лидерот на нивната партија. Пандов како пример го посочи Петар Богојески, еден од предводниците на реформаторите, за кои како што кажа, славеле после поразот на партијата на изборите.

Можам јас да не се согласувам со лидерот на партијата, но за национални прашања мора да се има единство. Јас уште од старт велев дека реформаторите треба да се исклучат. Не се исклучија и направија проблеми. Направија се за да направат забуна кај членството и кај народот. Ако сега Мицкоски не даде јасен став за партијата и не ги отстрани тие луѓе, ќе донесе негативни последици за партијата, рече Пандов.

Неговиот соговорник Стојанче Ангелов во гостувањето го праша по Пандов дали истиот мисли дека Мицкоски може да го спаси името со нов договор или тоа ќе претставува само добра фина шминка на истото.

поврзани објави

Последни објави