5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Спасовски: Амнестијата за 27-април нема да биде добра за Македонија

Министерот за внатрешни Оливер Спасовски вечерва беше гостин на Телевизија Телма каде учествуваше во Топ Тема на Ваша Страна.

Амнестија за 27 април и било кој што направил криминал нема да биде добро за државата. Тоа не значи помилување, бидејќи помирување во општеството без правда нема да донесе ништо добро. Нас ни е потребно национално обединување за најважните стратешки прашања и интереси“, кажа Спасовск и продолжи:

„Превентивно сакаме да ги обезбедиме пратениците кои гласаа за уставните измени како и нивните семејства со цел да го заштитиме нивниот живот и интегритет. За сите сомнежи за закани и притисоци треба да има пријави, а обвинителството да отвори истрага при што ние ќе асистираме. Се зависи од обвинителството ако има докази да поведе постапка и да ги расчистиме сите дилеми, како што беа шпекулациите за поткуп и корупција“.

„Има 12 напади на новинари оваа година, физички и вербални и сите беа расчистени, се знае кој е сторителот, поднесени се соодветни пријави. Има напади од минатото за кои се уште трае истрагата и се бараат докази за понатамошната постапка. Селективноста на полицијата придонесува за недоверба кај граѓаните и тоа се менува“.

„Да ги нормализираме работите во државата, како и во МВР. Десетина години досега не биле набавени нови униформи за припадниците на специјалните единици. Затоа оваа најнова целосна униформа за сите услови на специјалните единици на МВР доби посебна промоција, за што е потребно и самите граѓаните да се запознаат. Инаку во 11 години на ВМРО-ДПМНЕ се потрошија многу пари на несуштински и непотребни работи, јас наследив доспеан долг најголем дел за прислушување кон различни фирми“.

поврзани објави

Последни објави