14.6 C
Skopje
Monday, October 7, 2024

Панчо Минов ја напушта пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ?

Пратеникот oд ГРОМ, Панчо Минов кој е во коалиција во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во неговото вечерашно гостување во емисијата Тренд анализа на ТВ 24 најави дека ќе го прекине неговото членување во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ако е точна информацијата дека од партијата на вечерашната седница на Централниот комитетет разрешени се потпретседателот Митко Јанчев и членот на ИК Костадин Богданов.

-Јас не знам зошто мојот глас бил предмет на шпекулации, бидејќи јас во четири наврати јавно кажав дека ќе бидам против. Дури во расправата во уставната комисија имав иницијатива да прашање од стратешко значење мора во Собранието да не се забетонираме во своите ставови, туку да има усогласување.

Дадов и неколку конкретни предлози, да не се сфати како губење на идентитет, да има посебен амандман. Да, се преговараше со мене да гласам за. Тоа е само активност на претставници на позицијата да убедуваат да се обезбеди двотретинско мнозинство. Самиот пристап беше демократски, со аргументи на убедување. Со мојот пример го демантирам партискиот став, зашто сум немал закани и притисоци, рече Минов.

„Доколку е точна информацијата, јас ќе го прекинам моето членување во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и ќе дејствувам само како пратеник на ГРОМ сѐ додека Христијан Мицкоски е претседател на паријата“ – изјави Минов.

Во секој момент се очекува и официјална потврда на вечерашните одлуки.

поврзани објави

Последни објави