2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Митко Јанчев: Господ нека им е на помош, јас останувам вмровец

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев вечерва за Либертас во телефонска изјава кусо го искоментира потегот да биде исклучен од органите на партијата.

„Господ нека им е нив на помош, а јас бев и останувам ВМРО ДПМНЕ. Толку имам само да искоментирам, друго нема потреба“ – изјави тој.

Досегашниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Кавадарци, на вечерашниот Централен Комитет на партијата, бил разрешен од сите партиски функции, објави Телма .

Според партиски извори, на уште пред Централниот комитет планирано е денеска да бидат разрешени и луѓето кои се дел од реформаторското крило на ВМРО ДПМНЕ, меѓу кои и Костадин Богданов.

Се тврди дека актуелното раководство на таков начин сака да расчисти со луѓето кои се проевропски настроени, а кои ги етикетира како блиски до Сашо Мијалков.

Петар Богојески кој исто така е дел од реформаторите претходно беше сменет од функцијата заменик генерален секретар на партијата.

поврзани објави

Последни објави