14.6 C
Skopje
Monday, October 7, 2024

И Сашо Мијалков исклучен од ВМРО-ДПМНЕ

Екс директорот на УБК и поранешен висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков е исклучен од партијата.

Самиот демантираше каква било вмешаност во обезбедувањето на двотретинското мнозинство за почнување на процесот за уставни измени во Собранието, но претседателот на партијата Христијан Мицкоски се одлучил на ваков чекор.

Претходно досегашниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Кавадарци, на вечерашниот Централен Комитет на партијата, бил разрешен од сите партиски функции.

Според партиски извори, на Фактор уште пред Централниот комитет планирано е денеска да бидат разрешени и луѓето кои се дел од реформаторското крило на ВМРО ДПМНЕ, меѓу кои и Костадин Богданов.

Се тврди дека актуелното раководство на таков начин сака да расчисти со луѓето кои се проевропски настроени, а кои ги етикетира како блиски до Сашо Мијалков.

Петар Богојески кој исто така е дел од реформаторите претходно беше сменет од функцијата заменик генерален секретар на партијата.

поврзани објави

Последни објави