-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Загадено уште на стартот на грејната сезона – во оваа скопска населба едвај се дише

Со падот на температурите и со почетокот на грејната сезона, нивото на загаденост во земјава автоматски се зголеми, а уште во октомври е многу загадено.

Алсат пишува дека населбата Лисиче е меѓу најзагадените каде концентрациите на честичките ПМ10 денеска во еден момент достигнаа 70 микро-грами на метар кубен, односно 35 над дозволеното.

После следува општината Центар со 59,5, па Карпош, Бутел, Битола, Тетово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Куманово.

поврзани објави

Последни објави