Оваа борба на аргументи и неаргументи, во перидот кој следува очекувам да продолжи истата медиумска армадила со валкање на моето име. Нема да се штедат измислици, со што ќе сакаат да ја избришат вистината.
Ќе кажуваат дека сум земал пари од вакви или онакви финансиери, дека сум бил происточно ориентирам, што ли уште не. Ќе следи кампања дека ВМРО-ДПМНЕ не е важно, дека Мицкоски е слаб, нема контрола. Забораваат дека Македонија е мало место и се се дознава, па дури и ваквите планови за ширење невистини. Тоа ќе не направи посилни, за да победиме. ВМРО-ДПМНЕ ќе урива бариери, ќе ги обединува сите поединци, струи, интелектуалци, млади и зрели личности загрижени за состојбата во државата.
Се обраќам и до чесните членови на СДСМ. Знам дека голем дел од вас не се среќни поради тоа што се случува со нашата земја. Македонија ни е најважна, не можете да бидете среќни кога гледате дека колективната несреќа завладеа во нашето општество. Обединете се. Некој ќе рече се пропадна, јас ќе речам ништо не пропадна. Владата веќе нема легитимитет. Денот кога и да бидат избори, да не верувате во оние кои баш за се што изговорија, излажаа. Сега ви дојдоа натрапници во дворовите, ако не ги спречиме, ќе дојдат ќе ви го одземат ходникот, па кујната, па дневната, а на крајот целата куќа. Ако не го кренеме гласот против ова зло, ќе продолжиме да ја губиме земјата, чекор по чекор, парче по парче. Да се кренеме против да бидеме обединети и сложни, додека не биде предоцна. Имаме преубава земја, на која сме горди и немаме намера да ја изгубиме.
Вие одлучувате, имате две можности: Една Македонија која тоне, Македонија забрзано се развива. Една на СДСМ, со загубени работни места и Македонија предводена од новата генерација на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја донесе промената која долго време ја посакувате.
Иднина која секогаш ќе раскрсти со нашето минато. Јас немам никаков интерес да бидам политички коректен кон Заев и неговата свита. Јас имам обврска да бидам коректен само кон мојот народ. Заев и Шекеринска се проблемот на оваа држава, тие не можат да бидат решение на проблемот во оваа држава, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашната прослава по повод денот на ВМРО.