11.1 C
Skopje
Monday, October 7, 2024

Не мора да ги чувате под тепих – направете ги овие работи дома и парите ќе пристигнуваат од сите страни

Ако сакате да ја засилите својата финансиска ситуација, направете ги овие измени во својот животен простор и парите ќе почнат да доаѓаат од сите страни. Барем така тврди фенг шуи.

Не користите симболи на вода во куќата

Цевките што протекуваат, се знак дека парите ви бегаат од раце – вели консултантката за фенг шуи Карен Картер. За да ја подобрите вашата банкарска сметка, задолжително е да ги поправите сите расипани цевки во куќата, но и да се ослободите од вода што подолго време стои, како на пример да ја смените водата во вазните со цвеќе.

Најдобро би било да избегнувате изложување ликовни дела со елементи на вода – посебно во спалната соба, ниту пак да поставувате огледала повисоки од вашиот нос – советуваат експертите по фенг шуи.

Внесете што повеќе растенија

За да просперирате во животот, важно е во својот дом да креирате разигран, здрав и вдахнувачки простор без неред – предупредуваат експерите по фенг шуи. Нередот му пречи на слободниот проток на енергија, поради што луѓето стануваат мрзливи.

Животната сила најдобро би било да се засили со растенија и со цвеќиња, но и со редовно проветрување на сите простории. Фонтаните се симбол на пари и на богатство, па ако имате можност, размислете за ваков украс.

Користете бои на богатство

Бојата може да има големо влијание на вашето расположение. Црвената се смета за моќна, па не чуди што славните чекорат по црвен тепих. Ако сакате да првилечете пари во својот живот, ставете црвени декорации, како и зелена и виолетова.

Сепак има исклучок. Ако не поднесувате црвена, виолетова или зелена боја, тие нема да помогнат во привлекување пари во вашиот живот. Фенг шуи се огледа, не само во распоред на предметите, туку и во складната рамнотежа меѓу вас и просторот во кој живеете.

Чиста кујна

Вашата кујна директно е поврзана со вашата можност да привлечете пари – велат експертите по фенг шуи. Важно е да се одржуваат мијалникот и фрижидерот организирани. Шпоретот мора да биде чист, а секоја рингла правилно да работи. На крајот, ако сакате да ја подобрите својата финансиска ситуација, погрижете се масата за јадење, секогаш да биде беспрекорно чиста.

Ослободете се од стари работи

За да заработите пари, морате да се ослободите од стари работи, кои веќе не ги користите. Ако нешто не користите, веројатно не е ни важно и не ви е потребно. Ослободете простор во куќата кој ќе ви овозможи влез на нова енергија и ќе ви донесе просперитет.

поврзани објави

Последни објави