fbpx
16.8 C
Skopje

Подгответе се за студ, снег, и хаос: Европа ја чека најладен октомври – на овие места ќе биде најстудено

АКТУЕЛНО

Европа ќе биде погоден од студен бран на крајот од овој месец. Метеоролозите предвидуваат до 10 сантиметри снег на планините во Шкотска, а не ја исклучија ни можноста истата судбина да ѝ се случи на Велика Британија.

„До крајот на оваа недела скоро е неизвесно дали голема количина снег ќе наврне во Велс, јужниот дел на Лондон и централните делови нас Англија. Снегот секако ќе предизвика проблеми, но не како оние кои граѓаните ги имаат во зима. Засега не е познато каква ќе ни биде зимата“, истакнал метеорологот Џејмс Меден, додавајќи дека во оние градови каде што нема да врне снег, ќе врне дожд.

За некои 7 дена, се очекуваат обилни врнежи, а тоа се лоши вести за љубителите на празникот „Ноќ на вештерките“ кој се слави на 31. откомври, кога ќе биде најладно во последните 100 години.

„Се очекува на 31. октомври снегот додатно да се зголеми, а температурите да се спуштат на -7 степени Целзиусови. Тоа е незапаметено во последните 100 години, бидејќи последен пат, во октомври вака било ладно во 1926 година, кога биле измерени -10 степени Целзиусови.

Ноември ќе биде значително постуден од овој месец во Британија и врнежите од снег ќе бидат со поголем интензитет.

Она што нас треба да не загрижи е тоа што постои можност студениот бран од Велика Британија да се прошири на останатите делови од Европа, па и на Балканот.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -