20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Зодијакот ви открива што можете да очекувате во последните месеци од 2018

Секој хороскопски знак го очекува нешто ново до крајот на 2018-та, без разлика дали станува збор за работа, љубов, среќа или финансии.

Овен

Бидејќи тие се најголемите учители и филозофи во Зодијакот, Јупитер во Скорпија им носи подлабоки размислувања и со тоа поголемо разбирање на нивната интимна поврзаност за оваа година. Тие можеби ќе се одлучат за нова врска или за зацврстување на постоечката. Ги очекува голема слава на полето кариера до 2020 година.

Со Јупитер и Марс во куќата на интимноста, Овните ќе бидат преплавени со сексуална енергија, но треба да внимаваат со кого ќе ја разменат. Исто така, бидете внимателни со новите луѓе кои ќе ги запознаете и колку се врзувате за нив, бидејќи може да имате некои лоши последици од тоа познанство.

Бик

Подобро е Биковите да бидат подготвени за многу љубовни случувања во периодот што следи, бидејќи тоа поле ќе им биде најактивно. Слободните Бикови ќе ја пронајдат својата половина до крајот на оваа година. Изминатиот период ви бил многу тежок, но затоа ве мотивирал да направите некои промени поради кои поинаку гледате на себе и од сега ќе бидете подготвени да преземате поголеми ризици.

Можеби сте го смениле работното место или пак партнерот и без разлика која и да била причината за тоа, вие сте победник. Сега само опуштете се и собирајте ги плодовите од претходно вложениот труд.

Близнаци

Крајот на година која ќе ви донесе промени во кариерата, а со тоа и промена во секојдневните обврски. Што е тоа што ве прави среќни? Како сето тоа да се оствари? Намалете брзина, размислете како сакате да изгледа вашиот живот и почнете да се трудите да го остварите тоа. Оваа година ви носи подлабоки љубовни врски, за разлика од годината што измина, која ви беше многу лоша во љубовта. Промената на врската ќе донесе промени и во вашите пријателства. Бидете свесни за своето време и не обврзувајте се на повеќе страни истовремено.

Рак

крајот на 2018 година ќе дојде до израз вашата креативност, а Јупитер ќе ви донесе и зголемена страст. Ќе кажете збогум на меурот во кој се криете и конечно ќе излезете на сцена. Вашата самоувереност ќе се зголеми и целото внимание ќе биде насочено кон вас. Последните неколку години учевте како да бидете во врска, а сега е вистинското време сето научено да го примените. Ова е вистинско време Ракови да ја озваничат љубов и започант заеднички живот со партнерот. Ве очекуваат промени на работно поле, унапредување, нова работа или покачување на платата.

Лав

Ќе се вратите на своите корени за да ги излечите раните. Што е она што прави да ви е удобно, да се чувствувате како да сте дома? Сеедно дали се тоа некои меки чорапи или мирисот на чајот пред спиење, дозволете си го тоа задоволство. Посветете се на здрав живот, бидејќи сега тоа ви е најпотребно. Фокусирајте се на емоциите, љубовта и на врските со луѓето. Размислете, што уште можете да направите за да го зајакнете вашиот однос со луѓето околу вас?

Девица

Време е за комуникација и сега конечно ќе ја разберете моќта на зборовите и нивното влијание. Доколку сакате да се посветите на учење на некој нов јазик, ја имате поддршката од ѕвездите. Конечно се чувствувате добро во својата кожа и сакате сите да го видат тоа. До крајот на годината љубовта ќе биде најважна работа во вашиот живот, затоа ќе поминете многу време размислувајќи за неа.

Вага

Вашата банкарска сметка до крајот на оваа година ќе биде подебела и тоа значително во однос на претходно. Можеби ќе станува збор за унапредување или сосема нова работа, а парите нема да престанат да пристигнуваат на вашата сметка. Ве советуваме да се обидете да одолеете на претераното трошење, иако искушението ќе биде големо. Можеби ќе бидете подготвени да се смирите во романтична врска. Ќе започнете да барате некој за кој емотивно ќе се врзете, а можеби ќе добиете желба да формирате семејство. Копнеете по стабилност и оваа 2018 година тоа и ви го носи. Вашиот љубовен пат беше многу напорен, но со помош на Уран ќе доживеете голема промена во вашето срце.

Скорпија

Следи ваше најдобро време од оваа година. Сè што претходно сте се обидувале да постигнете, оваа година ќе се оствари. Јупитер ќе биде со вас во следните месеци и со тоа соништата ќе ви станат јаве. Немојте залудно да ја потрошите оваа енергија. Иако многу работи ќе ви изгледаат тешки за остварување, не грижете се ѕвездите се на ваша страна. Подгответе се за експериментирање во љубовта, запознавајте нови луѓе и забавувајте се.

Стрелец

Стрелците како и секогаш ќе бидат активни во општествениот живот. Ѕирнете малку подлабоко во вашата душа и поставете си неколку прашања. Што сакате да ви се случи во иднина? Како би сакале да ви се развива кариерата? Дали сте подготвени да се врзете за некого? Можеби сепак сте подготвени за промени и ќе го направите првиот чекор емотивно да се отворите. Ова е идеално време за да видите колку вредите. Кога станува збор за парите, ќе се стекнете со некоја сигурност и ќе станете помудри во распределувањето на финансиите.

Јарец

Кога станува збор за работа, вие сте највредниот знак во Зодијакот. Но, сега е време да се посветите на она што најмногу го сакате.Ѕвездите ви советуваат до крајот на годината да поработите на интимноста, со што вашиот интимен живот ќе доживее некакви промени. До 2020 година Сатурн ќе ги разниша вашите темели и ќе ве научи на зрелост и карактер. Овие лекции ќе бидат клуч за да се најдете во долга и успешна романтична врска.

Водолија

До крајот на оваа година ќе ја преиспитувате врската во која се наоѓате и дали сте подготвени за следниот чекор. Работата ви оди добро, но ќе доживеете одредени промени од кои таа ќе почне да цвета. Ако се плашите да продолжите понатаму, само стиснете ги забите и борете се со тоа. Вие можете. Изминатите 3 години ве научија многу за пријателството, затоа сега знаете кои ви се вистинските пријатели на кои во секое време може да се потпрете.

Риби

Време е за некои позитивни врски. Конечно можете малку да здивнете кога станува збор за трчање по кариерата и да се посветите на блиските луѓе. Вашиот љубовен живот исто така се подобрува, а вие љубовта ќе ја чекате со раширени раце. Ве очекуваат многу исполнети ветувања и позитивни доживувања.

поврзани објави

Последни објави