Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против И.М. (34) од Кочани, за сторени кривични дела „измама при добивање кредит или други погодност“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерскиот систем“.
Во текот на февруари и март 2018 година, пријавениот во име на З.В.(47) од Кочани, без негово знаење и согласност, во четири наврати електронски аплицирал во финансиски друштва за добивање на кеш кредити.
Исто така, пријавениот со лажно креирана Е-маил адреса и мобилен телефонски број на оштетениот, во четири наврати неовластено навлегол во системот за автоматизирани електронски финансиски операции на Банка и без знаење и дозвола на З.В., од неговата платежна картичка подигнал парични средства во износ од 70.800 денари.