Ширум Босна и Херцеговина температурите се се пониски, а денеска побеле и планината Влашич, Јахорина и Бјелашница.
Температурите се спуштени под нулата.
Во Сараево и Тузла температурата била 4 степени Целзиусови, а нешто потопло било во Мостар, Бања Лука и Требиње.
Во Македонија во четврток се уште ќе дува засилен северен ветер и ќе биде студено, но сончево. Во петок и за време на викендот ќе преовладува суво време со студени утра, а дневните температури значително ќе се зголемат.