fbpx
21.8 C
Skopje

Бил затекнат од глетката: Пријател кој го посети Дарко Лазиќ – сликовито објасни што видел

АКТУЕЛНО

Дарко Лазиќ вчера е опериран, а ноќта по операцијата поминала без компликации. Во болницата утринава освен семејството, во болницата дошол и пријателот на пејачот.

-Ме пуштија да го видам. Само очите му се гледаат. Скршениците се ставени на истегнување да не зараснат додека не дојде на себе. Хематомот на главата се повлекува, денеска е подобра ситуацијата. Тоа е многу важно, рекол пријателот на Дарко.

Тој додал дека семејството и пријателите веќе разговарале со лекарите на ортопедија во Бања Лука, каде им е кажано дека ќе го примат по итна постапка, кога ќе се санираат повредите на главата и да се среди општата состојба на Дарко.

-Колкот и ногата ќе му ги прават во Бања Лука, се е завршено, само нему да му биде подобро, рекол пријателот на Дарко.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -