fbpx
-4.2 C
Skopje

Падна одлука: Македонија – Грција без публика, силни безбедносни мерки, полиција на секој чекор – пиле нема да може да пролета

АКТУЕЛНО

Квалификацискиот меч помеѓу Македонија и Грција во рамки на квалификациите за ЕП кој ќе се игра в недела во Кожани привлекува големо внимание. Не толку од спортски аспект, туку од политички.

Грчката Ракометна Федерација пред неколку моменти објави важно соопштение. Како што се наведува, по одржаниот состанок со полицијата биле донесени неколку важнo одлуки меѓу кои, поглавни се:

Нема да бидат пуштени карти во слободна продажба. Ќе може да бидат присутни само службени лица со акредитации (новинари, редари, членови на двете федереации), како и лица на кои ќе им биде упатена покана.

Ќе има специјален режим на сообраќај во близина на салата, засилени полициски контроли во близина и околу салата. На лица без акредитации и покани, не само што нема да им биде дозволено да влезат во сала, туку ќе им биде оневозможено да се доближат до истата и од надвор.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -