18.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Викендов ќе донесе одлични моменти за овие хороскопски знаци

Викендов ќе донесе одлични моменти за овие три хороскопски знаци

БИК

Деновиве ќе се чувствувате многу добро. Имате доволно енергија, но и средства да остварите некои стари замисли. Можно е да посакате да отидете некаде надвор од градот. Бидете внимателни во комуникацијата со блиските. Секој изговорен збор може да се протолкува на повеќе начини. Партнерските односи се напнати и од вас зависи дали ќе ги релаксирате или ќе продолжите со расправиите. Ако сте сами, можно е познанство со личност родена во знакот на лав.

СТРЕЛЕЦ

Ова е одличен период за соработка со оние со кои сте соработувале претходно. Новите соработници не ве познаваат добро и не знаат што ви е потребно. Доколку работите во медиуми, можно е да ви се отворат нови врати. Ако сте слободни, можна е врска со амбициозна и креативна личност.

Може да се случи и да започнете заедничка работа. Доколку сте во брак, партнерот е обземен со себе и воопшто не ве забележува. Време е да се заинтересирате за неговите проблеми.

ЈАРЕЦ

Деновиве може да добиете помала сума од хонорарна работа или преку некои роднини од странство. Финансиите ви се подобруваат, но вие постојано се чувствувате ограничени и како да не можете да се опуштите. Традиционалните вредности ве одржуваат, но и ве враќаат назад. Време е да прифатите некои новини. Партнерските односи се добри, но партнерот почнува да дава знаци на љубомора. Реагирајте на време, затоа што подоцна ќе биде доцна за објаснување.

поврзани објави

Последни објави