1.8 C
Skopje
Sunday, January 12, 2025

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ ќе го предложи законот за амнестија во понеделник

Законот за амнестија се очекува во понеделник да го види светлото на денот откако пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ ќе го поднесе во Законодавниот дом велат од белата палата, пренесува телевизија 24.

Од најголемата опозициска партија и денеска потенцираат дека доколку тој не биде прифатен тоа само по себе ќе значи селективна правда, бидејќи како што велат токму овој предлог закон се однесува за сите инволвирани во настаните од 27 април. Законот во пишана форма ќе биде доставен до Законодавниот дом и до сите политички партии кои со свои пратеници партиципираат во него.

Извор: 24Тв

поврзани објави

Последни објави