-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Дали некогаш сте се запрашале: Зошто бебињата плачат без солзи?

Веројатно секој што има видено мало бебе, кое се родило пред неколку денови, забележал дека иако бебето плаче, нема солзи, дури и кога плаче многу силно.

Ако имате деца, веројатно ги знете работите како менување пелени, да го нахраните, да ги успиете, но и покрај сето тоа, малите бебиња знаат често да плачат.

Лицето им е згрчено, очињата затворени, кожата од секунда во секунда станува се поцрвенува. Сето тоа ве тера да мислите дали бебето е добро, дали му е топло или ладно, дали пелените се суви. И кога забележите дека се е добро, се прашувате: Зошто плаче? Дали глуми? Плаче и нема солзи на очите.

Сепак, тоа е логично за бебињата. Не глуми, туку новородените бебиња плачат на „суво“ затоа што солзните жлезди не се развиваат веднаш по нивното раѓање.

Повеќето бебиња почнуваат да плачат со солзи дури по две недели од раѓањето, а понекогаш тој период знае да биде и доста подолг, односно истиот може да трае и два месеци.

поврзани објави

Последни објави