20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Како никој пред него ја надмина разликата меѓу народите: Единствениот кој успеа да не сплоти, нашиот Тоше

Британскиот весник „Тајмс“ му посвети статија на легендарниот македонски пејач Тоше Проески во рубриката за животот и работата на познатите британски и светски научници, политичари или уметници.

Најпопуларниот пејач на Балканот, пишува „Тајмс“, во текот на својот краток живот, успеа како никој пред него да ја надмине разликата меѓу народот и културата на просторот на југот на Европа каде последните децении беа одбележани со војни.

Веста за смртта на Тоше Проески во поранешните републики е примена со шок сличен на оној кој своевремено го доживеаа обожувателите на Елвис Присли или Џон Ленон, пишува „Тајмс“, додавајќи дека собранието во државата на денот ја прекина седницата и целиот народ излезе на плоштадот или во некоја од црквите со цел да запали свеќа или однесе цвеќе во негова чест. Исто така се наведува дека Проески, покрај тоа што изгради успешна кариера како музичар, беше и амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ.

На хуманитарните концерти низ целиот Балкан тој неуморно собираше помош за сиромашните и децата со пречки во развојот, а парите ги вложувал и во изградба на училишта во својата родна Македонија, додава „Тајмс“.

Последниот концерт, кој се одржа на 5 октомври во Скопје пред 30.000 посетители од сите републики на поранешна Југославија, Проески по свој обичај го заврши со зборовите „Ве сакам сите“, пишува “Тајмс.

поврзани објави

Последни објави