Прилепска Победа ќе го пречека Шкупи под „Тумбе Кафе“ во Битола во рамки од 11. коло во ПМФЛ, пренесува Гол.мк
Во пресрет на денешната средба се случи мал инцидент. Задниот прозорец од автобусот на скопската екипа беше скршен од некој навивач, кој на минување фрлил со камен.
Сето тоа се случило на самото пристигнување на фудбалерите на стадионот. Сепак, тие веќе биле во соблекувалните кога се случил овој немил настан, а во внатрешноста на автобусот бил само шоферот.
Натпреварот во Битола е закажан во 13:30 часот. Во градот, околу стадионот и внатре на теренот е забележливо големо присуство на полиција.
ФОТО: Гол.мк