18.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

30 годишен битолчанец им се заканувал на пратеници: Го признал делото, еве што кажал

Се зголемува бројот на кривични пријави за лица кои преку социјалните мрежи им се закануваат на пратениците. Овој пат, осомничен е 30 годишен битолчанец со иницијали А.С. поради споделена објава на ФБ со која предизвикал загрозување на сигурноста на пратеници во македонското Собрание и поради ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

Од МВР информираат дека битолчанецот бил повикан на разговор во полициска станица, каде рекол дека објавата ја направил преку мобилен телефон, а против него, до ОЈО ќе биде поднесена кривична пријава.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите за санкационирање на ваквите случаи, велат од полицијата.

Досега се поднесени кривични пријави против четири лица кои се под сомение дека преку социјланите мрежи им се заканувале на пратениците кои гласаа за уставните измени предвидени со Преспанскиот договор. Исто така, полицијата поднесе и една кривична пријава против новинар кој со објави на ФБ предизвикал загрозување на безбедноста на премиерот Зоран Заев.

МВР ги повикува сите граѓани кои се изложени или сведочат на вакви закани да пријават во полиција.

Извор: Телма Овде

поврзани објави

Последни објави