6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Капитенот по срамниот пораз од јужниот сосед се огласи прв: Како да знаев дека ќе загубиме

Македонската ракометна репрезентација доживеа ночекуван пораз на гостувањето кај Грција од 28:26, избраниците на Раул Гонзалес посрамотени се враќаат од Кожани.

Македонија одигра лош меч против Турција во Битола, но победи. Ветувањата дека ќе биде подобро во Грција не се остварија, напротив, доживеавме тежок срам, загубивме од нашиот јужен сосед, кој нема никаква ракометна традиција.

Капитенот Кире Лазаров не го криеше разочарувањето по тешкиот пораз.

„Тоа што го зборев по мечот со Турција дека многу грешиме и мораме далеку подобро, изгледа не ме разбраа и послушаа, па денеска ги направивме истите грешки. Разочаран сум, одигравме многу слаб натпревар, далеку под нашето ниво“, вели Кире Лазаров.

„Потфрливме на меч што моравме да го добиеме, ова е срамен пораз и шлаканица за сите нас. Има уште да се игра во квалификациите, шансите за Европското првенство воопшто не се загубени, но мора да го смениме пристапот во наредните дуели“.

поврзани објави

Последни објави