6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Бројки кои загрижуваат: Статистички познато каква родителска грижа имаат децата

Секое второ дете во Македонија е изложено на некаков вид насилство од родителите, а третина од нив не водат грижа за своите деца, покажуваат последните истражувања на Светската здравствена организација. Се користи психички, но и физички метод на насилство

Бенџамин Перкс преставник на УНИЦЕФ во Македонија, вели дека ваквата појава може да се намали преку едукација и запознавање на родителите дека насилствотото лошо влијае и има негативни последици врз развојот на децата и нивното оформување во зрела личност.

Ваквите информирања на родителите за поинаков начин на третман на децата може да се спроведуваат низ домашни посети во рамките на здравствениот или некој друг државен систем како и со јавни дебати за лошите последици од семејното насилство врз децата.Секое дете за да има соодветен развој, мора да има добар однос од родителите да се почуствува сакан, и да биде опкружен со љубов, рече Бенџамин Перкс, преставник на УНИЦЕФ во Македонија.
Родителите но и бабите и дедовците пак, велат дека исклучоци се прават, но ретко употребуваат насилен метод на воспитување врз децата.

Насилни родители создава насилни деца потенцираат психолозите. Оливера Цветковска психолог вработена во Центарот за социјални работи Тетово, вели дека е зголемен бројот на малолетници со направени кривични дела, пред се учество во тепачки и друго физичко насилство.

Во 70 % од случаите, насилните деца живеат во семејства кои се однесувале насилно спрема нив, иако тоа родителите не го признаваат.

Потребна е голема промена во семејството но и во образованието, ако сакаме децата да бидат добро воспитани и толерантни, истакна Цветковска.

Истражувањата покажуваат дека секое дете кое е подложно на насилство има 10 пати поголем ризик да стане алкохоличар, а два до три пати пати поголеми се можностите да заболе од срцев удар, рак или да стане пушач.

На Балканот Македонија според Светската здравствена организација е на врвот по употреба на насилство врз децата, пред нас е само Албанија.

Извор: Телма

поврзани објави

Последни објави