Овие хороскопски знаци до крајот на 2018 година ги очекуваат најголеми промени во животот.
Бик
Сите знаат колку мразите промени, но оваа година мора да стиснете заби. Како Бик, вие сте личност која удобност наоѓа во рутината и стабилоста.
Се чувствувате како некој да ви го одзема тлото под нозете секогаш кога ќе мора да вметнете нешто ново во вашарта рутина. За среќа, промените кои ве очекуваат се добри за вас и ќе излезете многу поотпорни и посилни.
Како бикот и вие работите многу напорно и сте најупорниот знак во хороскопот. Функционирате со две брзини – или целосно сте релаксирани или „со главата напред“ се стремите кон целта.
Бикот е знак спротивен на шкорпијата. Шкорпијата сака да ги наследува придобивките на другите, а бикот најмногу ги цени личните придобивки. Најнегативна ваша карактеристика е вашата склоност да ги поседувате најлуксузните предмети. Тоа може да ве доведе до крајности, особено кога ќе решите дека некој предмет треба да биде ваш, што ве прави материјалисти во очите на другите.
Лав
Вие не се плашите од ништо, особено од промени, но не сте секогаш целосно во склоп со нив. Сепак, до крајот на годината ќе почнете да го гледате животот од една поинаква перспектива и ќе доживеете голем успех.
Вашите пријатели знаат дека секогаш треба да ве прават среќни и весели или ќе има драма. Покрај тоа што сте егоцентрични вие сте родени лидери и поседувате силен личен магнетизам. Вашата способност да раководите секогаш ви гарантира успех.
Вие се стремите кон власт многу повеќе од другите знаци и тоа ве прави егоисти, а понекогаш дури и смешни во очите на другите. Вистината е дека вие имате огромно срце и сте најдобродушниот знак во хороскопот. Секогаш сте покрај луѓето кои ги сакате за да им помогнете, да ги разгалите или за да ги заштитите.
Што ни носат ѕвездите во октомври на љубовно поле?
Овен
За Овните, октомври ќе биде многу активен и бурен месец, а ќе се случуваат само позитивни и убави работи. Тоа особено се однесува на слободните претставници на овој знак кој повеќе од било кога ќе бидат расположени за флерт, авантури, па и заљубување. Ќе бидете привлечени од позитивни луѓе со убава енергија и харизма, а посебно оние кои се вистински заводници.
Ова е убав месец на полето на љубовта.
Бик
За разлика од претходните месеци, октомври за Биковите е одличен месец кога станува збор за љубовта. Ако сте сами, лесно ќе биде да ги шармирате и освоите оние кои ви се допаѓаат, а влегувањето во врска ќе биде многу лесно.
Ако сте во врска, односот со партнерот ќе биде магичен. Бидете сигурни во тоа. Уживајте во месецот во кој ѕвездите ви носат убави љубовни моменти.
Близнаци
Убав месец е пред вас. Слободните претставници на овој знак ќе имаат можност да влезат во нова врска, а кандидати за тоа се некои од колегите. Секако, ќе имате избор и ќе уживате во флертот. Ако сте во врска, не е вистински момент за донесување големи одлуки.
Рак
Возбудлив љубовен месец е пред вас. До 23 октомври ќе имате многу можности за влегување во сериозна врска со личноста која ви се допаѓа. По тие датуми, ќе бидете порасположени за авантура, забава и секс без обврски. Секако ова се однесува на слободните претставници на овој знак.
Оние кои се во врска ќе размислуваат за иднината.
Лав
Пред Лавовите е турбулентен месец кој може да промени многу работи. Без оглед на тоа дали сте во врска или сами, можно е да имате помали проблеми да го остварите тоа што сдте го наумиле и да се чувствувате малку беспомошно. Имате големи планови и цели, но ѕвездите овој месец не се на ваша страна. Немојте да очајувајте, бидејќи работите ќе се менуваат како што поминува месецот.
Девица
Иако ништо нема да се промени кај зафатените претставници на овој знак, сепак тие ќе уживаат во љубовта. Романтични чувства и убав однос со партнерот се доминантни овој месец и ќе се чувствувате како да сте во бајка.
Ако сте слободни, нема да ви биде досадно, туку ќе имате многу можности да влезете во врска, само ако вие го сакате тоа. Убав месец е пред вас, но самите одлучете како ќе го поминете.
Вага
Овој месец ќе ги менувате постојано ставовите кога станува збор за љубовта. За среќа, сето тоа ќе биде во позитивна смисла. Почнувате да сфаќате дека е важен компромисот и дека на вашиот однос морате да работите постепено. Сфаќате што е тоа што го сакате од една врска, но и што е она што не толерирате. Самосвесни сте и вашата врска се подобрува.
Дури и да не сте во врска, учите што сакате и каков треба да биде вашиот партнер, а и што е најдобро за вас. Секако ѕвездите се на ваша страна овој месец.
Шкорпија
Од 8 октомври, Венера ќе има огромно влијание на вашиот знак, а тоа значи дека љубовниот живот ќе ви се промени од корен. Како и вообичаено, ќе бидете фокусирани на себе си, но ќе станете и позаинтересирани за љубов, па така и ќе смислувате начини на кои можете да ја привлечете во својот живот.
Ако сте во врска, одлично ќе се сложувате со партнерот, кој ве чува како вода на дланка.
Стрелец
Во октомври ќе зрачите со позитивна енергија и харизма, со што ќе ги освоите сите во вашата близина. Ова значи дека немате да имате проблем да најдете личност која ви одговара, само ако сте заинтересирани да освоите нечие срце.
Ако сте во сериозна врска, голема е можноста да почнете да размислувате за свадба па и проширување на семејството. Ѕвездите ви се наклонети.
Јарец
Октомври не е сјаен месец кога станува збор за љубовта. Сепак, тоа не зависи од положбата на ѕвездите колку што ќе бидете фокусирани на себеси, семејството и пријателите. Ако сте сами, тоа е сосема во ред.
Меѓутоа, ако сте во врска, тоа нема да влијае добро кај партнерот. Поставете ги добро своите приоритети.
Водолија
Како и Јарците, и Водолиите ќе бидат фокусирани на себе си. Ако сте во врска, чувствувате дека се е во ред и дека нема потреба да бидете нервозни.
Ако сте слободни пак, ќе бидете сосема незаинтересирани за љубов. Сепак, потрудете се да направите баланс.
Риби
Можете да сметате на тоа дека вашиот љубовен живот ќе се промени по 14 октомври, односно дека ќе стане поактивен и побогат. Ако сте сами, ќе бидете многу пребирливи во однос на партнерот кој го сакате.
Оние кои се во врска, кај нив повеќе ќе доминира страста отколку романтиката, но