18.8 C
Skopje
Friday, October 4, 2024

Непријатни вести од северниот сосед: Познатата српска актерка замина од овој свет

Младата српска актерка Ивана Млаѓовиќ (30), која толкуваше епизодна улога во серијата „Село гори, а баба се чешла“ е пронајдена мртва во стан на свој пријател во Крагуевац.

Српските медиуми пишуваат дека Млаѓовиќ, која е поранешна „Плејбој девојка“, починала поради предозираност со психоактивни супстанции, а ја пронашле пријателите во чиј што стан била.

Покрај неа, во несвест е пронајден и нејзиниот вереник, кој итно е префрлен во болница.

Според последните информации, дошол при свест и се опоравува.

поврзани објави

Последни објави