6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Македонскиот премиер Заев на средба со 8-те пратеници кои се исклучени од ДПМНЕ, еве за што разговараат

За најголем дел од уставните амандмани на новата пратеничка група составена од 8 те пратеници (кои дадоа зелено светло за процесот на отпочнување на уставни измени) – ќе се постигне согласност информираше денеска премиерот Зоран Заев по средбата со нив во законодавниот дом, пренесува ТВ24.

Покрај Заев на средбата присутни беа и министрите Никола Димитров, Рената Десковска и собранискиот спикер Талат Џафери. Заев во изјавата рече дека откако амандманите сериозно ќе се разгледаат во владата и вметнат како предлог текст за уставни измени претходно уште еднаш ќе бидат вратени на консултации кај овие пратеници кои всушност се и иницијатори на собраниското тело за помирување.

Пратеникот Зекир Рамчиловиќ исто така потврди дека за голем дел од амандманите на пратеничката група чиј член е тој ќе бидат усогласени со Владата. Но како што рече и натаму че има кординација межу самите пратеници во оваа група која ќе делува независно од ВМРО-ДПМНЕ но ќе се обиде да учествува во придвижувањето на демократските процеси во собранието.

Овие пратеници ќе делуваат под името Независна пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија . На средбата со премиерот присутни беа сите 8 пратеници и не ја исклучуваат можноста дека бројот на пратеници во оваа група може и да се зголеми.

Извор: 24Вести

поврзани објави

Последни објави