6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

По Рангелова, оставка си поднесе и Лилјана Затуровска

И пратеничката Лилјана Затуровска од ВМРО-ДПМНЕ си поднесе оставка од Унија на жени на партијата. Таа на фејсбук ја образложи својата оставка од позицијата генерална секретарка на УЖ и напиша:

Како генерален секретар поставен од претседателката Рангелова сакам да изразам голема благодарност за довербата која ми ја даде во два наврати и правев се од себе за да ја извршувам функцијата најдостоинствено што можеше. Рангелова и тимот ја поставија унијата на жени на високото скалило во партијата и така треба да продолжи. Функцијата генерален секретар на УЖ на најголемата и најмоќната партија беше задоволство и предизвик да се извршува. Давам оставка од оваа функција со искрени желби за уште посилни успеси на идниот тим кој ке ја предводи унијата . Стојам на располагање на мојата партија почитувајки ги и извршувајки ги одуките и активности кои ке ми бидат доверени во иднина. ДА ЖИВЕЕ ВМРО ДПМНЕ И УЖ НА ВМРО ДПМНЕ

поврзани објави

Последни објави