37.8 C
Skopje
Sunday, July 14, 2024

В.Д Градоначалникот на Струмица: Методија Витанов има време да ја преиспита својата одлука

В.Д Градоначалникот на Струмица Коста Костадинов со реакција на својот фејсбук профил по повод денешната прес конференција на советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Пакетов, на која тој обзнани дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО НП од денес има легитимно мнозинство во општина Струмица.

„Поразивме режим и тоа е кристално јасно, а при поразен режим да поддржуваш режим е спротивно од здрав разум. Оставаме простор за човекот да си ја преиспита одлуката и добро да размисли, затоа што на крајот на нештата сите сме луѓе“, вели Костадинов.

Ваквата реакција доаѓа откако денес советникот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека СДСМ и Зоран Заев го изгубиле мнозинството во Советот на општина Струмица.

 

 

поврзани објави

Последни објави