22.8 C
Skopje
Sunday, October 6, 2024

Митко Јанчев до Мицкоски: Не заслужив да бидам така третиран

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев вечерва во своето гостување во „Само вистина“ на Канал 5 рече дека заканите му доаѓаат од оние на кои му пречеле неговите ставови.

Сите луѓе кои беа во ВМРО-ДПМНЕ и се во ВМРО-ДПМНЕ и имаа различен став од ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги добиваа сите пораки и исти закани.

За мене лично не се плашам. Јас сум човек од приватниот сектор, кој за прв пат е во политика, во најтешко време за ВМРО-ДПМНЕ успеав да направам најдобри резултати за ВМРО-ДПМНЕ и да стане градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа ми даде позитивни моменти не само за мене, туку и за граѓаните на Кавадарци. Единствена цел ми беше од Кавадарци да направам подобро место за живеење. Јас тоа веќе и го правам, а веќе 60 % од мојата програма е завршена. Кавадарци никогаш нема да го оставам, луѓето ми подадоа рака кога најмногу ми беше потребна. Сето тоа придонесе јас да добијам партиска функција, еден од потпретседателите назначен токму од Мицкоски.

Јас ја прифатив таа функција. Со цел да направиме подобар тим за работа и да го направиме ВМРО-ДПМНЕ на врата кај што заслужува. Треба да се сменат некои стари навики. Мислам дека релативно сум објективен и мислам дека не треба да биде скоцентрирана целокупната моќ кај еден човек. Моќта треба да биде распоредена, за да не направиме едноумие, вели Митко Јанчев.

Ова е една моја сугестија дека треба да има промени на статут, промени на ситуации каде претседателот не би имал самоницијативни одлуки.

За жал не ми беше соопштено поради што точно сум разрешен. Во претходните разговори имавме коректни разговори и сега имаме коректни разговори. Меѓутоа, веројатно во последен момент кога се случи да одредена група на пратеници се одвои од групата на ВМРО-ДПМНЕ и има различно мислење и гласаше за договорот, тука се случи дострел до самиот претседател и имаше за храброст да исклучи повеќе луѓе. Ме стави во ист кош со оние луѓе кои ги исклучи, ситуација која што не ја заслужувам како човек. на ВМРО-ДПМНЕ.

Мислам дека не заслужувам да бидам така третиран како човек. Требаше да бидам посебно издвоен. Во погрешен контекст бев ставен, вели Јанчев.

поврзани објави

Последни објави