20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Јанчев во „Само вистина“ откри зошто Мицкоски не сакал да оди на бојкот: Еве ја причината

Го читав писмото. Сум бил на повеќе разговори во партијата, се дискутирало дали да се прави бојкот, дали да се прават протести, претседателот имал став да не правиме такви работи за да не си навлечеме нешто слично како она од 27 април, за да не излезе нешто неконтролирано. Тоа беше став поради кој не сакаа некој да ни уфрли некој во толпата па да направи нешто што не би било посакувано.

Моќта е неконтролирана работа, вели Јанчев и додава дека дека бил на конгресот кога се бирал Христијан Мицкоски како претседател и вели:

Ни требаше преоден период, да го соединиме членството, да направиме преодна управа, времен извршен комитет да го консолидира членството и да одиме после тоа на еден неизбран конгрес. Ова не го кажувам поради Мицкоски, или поради мене како личност, туку сметам дека ова беше потребно во еден таков период.

поврзани објави

Последни објави