11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Христијан Мицкоски на Алсат откри колку тежи седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Сумата од 14 и пол милиони евра која се користи во медиумите за централниот штаб на партијата не е точна, односно тој ни одблизу не вреди толку, рече тој и кажа дека му пречи што објектот го нарекуваат Бела палата а штабот на СДСМ на Бихаќка го нарече стаклена амфора додека штабот на ДУИ во Мала Речица го нарече Сив дворец.

– Останатите 69 објекти се простории на општинските комитети на партијата и истите како и таканаречената Бела палата ги користиме и ќе ги користиме – рече Мицкоски.

Тој објасни дека изјавил дека размислуваат палатата да ја продадат или дадат пред наем од причини што нејзиното одржување чини многу а партијата се соочува со беспарица.

За Мијалков рече дека последен пат се сретнале две недели пред референдумот а со писмото сега разрешениот Мијалков решил да стави крај на нивното пријателсво и дека е очигледно дека патиштата им се разминале.

За ставот на пратеникот Илија Димовски дека не се согласува партијат да се движи во изолација, Мицкоски препорача Димовски сам да образложи што сакал да каже и дека е тоа негов став, тој го почитува но и дека тој и партијата имаат своја визија и пат кој ќе ја одведе партијата до победа а различни мислења имало и ќе има.

Мицкоски не одговори на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ во јануари годинава продала стан во сопственост на партијата во Скопје за 100 илјади евра.

Извор: Либертас

поврзани објави

Последни објави