Некои луѓе се навистина комплицирани во креветот и кај нив ништо не минува лесно кога е во прашање интимноста. Тие сакаат да знаат сè за вас, а еден хороскопски знак навистина се истакнува со ова.
Станува збор за Водолијата, но само оние кои се родени под владеењето на Венера. Овие луѓе се родени во 1934, 1941, 1948, 1955, 1962, 1969, 1976, 1983, 1990 и 1997-ма година.
Кога Водолијата е вљубена во некого, навистина можете да забележите од авион. Таа не разбира зошто би ја сокривала нејзината наклонетост кон саканата личност.
Сексуалната желба е само еден аспект на Водолијата кога станува збор за љубовта. Таа ќе сака добро да ве запознае, но и да знае сè за вас. Сака да ги сложи информациите сè додека не добие комплетна слика за вас.
Овој хороскопски знак го цени и сака напредувањето во која било област, а овде спаѓаат и романтичните врски. Сакаат работи кои ги придвижуваат и можат секојдневно да чувствуваат возбуда. Полни се со единствени идеи и сакаат да експериментираат во љубовта, но и во креветот.
Нивната бунтовна страна особен се изразува кога одбираат партнер. Најчесто одбираат екстремни луѓе.
Водолиите се во состојба да го жртвуваат и својот углед за да му докажат на светот дека вистинската љубов пости и надвор од наметнатите норми. Негативната страна на Водолиите е нивната склоност кон експериментирање и истражување. Многу често нивните чувства кон партнерот се сведуваат на безличност и апатија.