Студентите од Стив организираа хуманитарна забава и донираа за Сара
Студентите од студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје во четвртокот организираа хуманитарна забава за Сара која боледува од апластична анемија, болест која ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот.
На забавата присуствуваа огромен број на студенти и од другите студентски домови, но и млади личности од Скопје кои сакаа да помогнат Сара да продолжи да му се радува на животот.
Фотографиите од хуманитарната забава за Сара можете да ги погледнете ОВДЕ