12.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

ФОТО: Она што се случува во Ѓорче Петров не е возможно – ако е точно, народе зошто молчиш?

И покрај пролетните температури и сончевото време, во главниот град викендов повторно високо аерозагадување. Апликацијата „Мој воздух“, преку која се информираме за загаденоста на воздухот во Скопје, но и во Македонија, утрината покажува неверојатни 1999 ПМ честички во воздухот во скопската населба Ѓорче Петров. Вредностите што ги покажуваат другите мерни места во скопскиот регион се во граница на нормалното.

До овој момент нема официјално соопштение што се случува на теренот и дали станува збор за дефект на мерната станица или сепак резултатите и вредностите се реални.

Жителите на оваа населба револтирани, бурно реагираат на социјалните мрежи. Прашуваат што се случува со рекордната загаденост на воздухот и бараат одговорност од градските власти.

На фејсбук страницата „Скопје бара чист воздух“ уште од утрово може да се забележат бројни коментари на граѓаните кои прашуваат дали ваквите резултати и бројки на енормно високи ПМ10 честички се реални или станува збор за грешка. Ѓорчевци дополнително мака мачат и со, како што велат, палењето на дивите депонии по кејот на Вардар, проблем за кој алармираат уште од летниот период.

поврзани објави

Последни објави