-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Хан му се заблагодари на Мицкоски затоа што ДПМНЕ не го кочи процесот во Собрание

Комесарот за проширување и соседска политика , Јоханес Хан , на својот Твитер профил објави дека имал корисен разговор со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Бев кристално јасен дека ратификацијата на Договорот од Преспа мора да се финализира брзо и без никакви пречки. Ја поздравувам неговата посветеност да не го опструира процесот во Собранието. На ЕУ интеграциите им е потребна лојална опозиција“, напиша Хан на Твитер по средбата со Мицкоски на маргините на самитот на Европските народни партии во Хелсинки.

поврзани објави

Последни објави