11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Ахмети го откри она кое сите го претпоставуваа: На претседателските избори ќе имаме свои услови

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на гостување во емисијата Клан Дебат на ТВ Клан Македонија кажа дека на следните претседателски избори кои треба да се одржат ќе побараат консензуален претседател.

На прашање дали на претседателските избори ДУИ повторно ќе игра на картата на консензуален претседател Ахмети изјави дека тој е нивен став кој го објавиле и ке го бранат.

„Секако ова е еден од ставовите кои сме ги објавиле и ке го браниме со фанатизам и ќе го промовираме на сите простори тука во Македонија. Ние сакаме консензуален претседател, да седнеме, да разговараме, да се усогласиме“ – рече Ахмети.

Ахмети исто така кажа дека веќе има и имиња за консензуален претседатен но се уште е рано да се збори за тоа.

„Секако дека може да зборуваме и со имиња, но сеуште е рано за тоа“, рече Ахмети.

поврзани објави

Последни објави