Ова е македонскиот виц кој ги насмеа уредниците на британски Гардијан.
Само 20 % од Македонците живеат под стрес. Останатите 80 % живеат во Австралија, Америка, Канада, Германија, Шведска… Ова е македонскиот виц кој ги насмеа уредниците на британски Гардијан, кои ја составуваа листата на најдобри вицови на светот.
Уредништвото на Гардијан одлучиле да направат истражување на прашањето: “Кои вицови мамат насмевка кај помладата генерација“, а потоа и да состават листа на вицови од целиот свет. Во неа се најдоа и вицови од балканските земји.
Меѓу најдобрите се најдоа вицови од Германија, Јапонија, Бразил, Норвешка, Данска, Шведска, но на оваа листа високо котира и Македонија.
Вицот за златната риба од БИХ, кој привлече големо внимание кај читателите гласи: Босанец фатила златна рика, а таа му вели: Пушти ме ќе ти исполнам желба. Босанецот и одговара – Каква желба, те носам кај златар, злато е злато“.
Актуелен е и финскиот виц, кој гласи – “Кој знак ви дозволува да направите полукруг на автопат? Знакот кој покажува дека се приближувате до руската граница.
И Шпанија се најде на листата со следниот виц:
“Човек влегува во продавница и бара 15 литри вино. Продавачот го прашува – Имате ли некоја посуда, на што купувачот одговара: Разговарате со неа“.