Пред неколку часови веб-порталот Вечер објави информација во која тврди дека близок извор им открил дека шоуменот Игор Џамбазов завршил во болница.
По тој повод, на социјалните мрежи се јави и Џамбазов, кој остро го нападна медиумот, потенцирајќи дека не е потребно да се шират лаги, со цел да се стекне читаност.
„Вечер, дали сте вие нормални? Па јас имам татко, сестра, пријатели, обожаватели, почитувачи, комшии, колеги, соработници…“, пишува тој.
Во продолжение погледнете го и неговото обраќање: