Миленко Неделковски беше еден од луѓето кои најдетално го пренесоа бегството на екс-премиерот Никола Груевски, односно до детали објасни некои работи.
Утрово на својот Фејсбук профил, Миленко објави дека Никола Груевски само што ја напуштил Унгарија, не сакајќи точно да ја каже локацијата на која заминува.
-Никола Груевски, од пред еден час, веќе не е во Унгарија. На Евроазиско тло е, на безбедно. Локацијата позната на авторот на објавава. Да не биде дека некој друг прв открил.
Евроазиско тло е Русија, па се поставува прашањето дали навистина Никола Груевски веќе заминал на далечниот Исток.