Екипата на Брегалница Штип и Борец од Втората македоснка фудбалска лига ги пресметаа своите сили во дербито на Истокот овој викенд.
Натпреварот заврши во полза на Борец со 3-2, со што истите се зацврстија на првата позиција на табелата со 34 бода.
По водство од 2-0 на Борец, Делчевчанецот Кристијан Велиновски кој досега во повеќе наврати ја изненадува и остава без здив и противничката публика, уште еднаш ја покажа својата вредност и талент од светски калибар, постигнувајќи гол на кој можат да му позавидат и светските фудбалери.
По овој негов бомбастичен удар Брегалница се врати во игра и намали на 2-1.
Сепак, и покрај неговиот погодок, овој натпревар беше со силен притисок врз неговата екипа, по што натпреварот заврши со конечни 3-2 за домашниот тим.