-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Вдишувам букви

Лежиме,
ко исцедени крпи,
ме опипуваш со дланките,
ми ја гориш температурата
од сите страсти за тебе,
те печам,
в око ти живеам.
Ти ги местам косите,
на инает си ги пикам в уста,
те јадам на најнеумешен начин,
ми се смееш на глупоста,
ме тепаш со насмевките,
ме болат в стомак,
ко вжарен нож ми ја сечат утробата,
живо проклетство си.
Вдишувам букви од твоите
пори и мириси,
опијати,
не ти здосади вака убава да бидеш?
И ненаспана,
и со четка в заби.
И со прсти потопени в чоколада
и проголтан кармин
од шеќер в прав,
го дувам со ветриштата
од пориви за тебе, бледеам.
Ќе ти бидам ли убав ко ќе остарам?
Ќе ме газиш ли со твоите
лесни стапала,
ќе ми ја местиш ли кичмата
искривена од сите години што ти клечев пред храмот на душата,
кај шо ти ја молзев љубовта.
Те обожавам ко ќе ги собереш усните од неарно,
или кога ќе ти треперат клепките ко колибри дека несигурна си.
Ме тепаш со насмевките,
ме болат в стомак,
ко вжарен нож ми ја сечат утробата.

Автор: Николиннка Митрева

поврзани објави

Последни објави