На час по ликовно наставничката им вели на своите ученици:
Деца сега ќе цртате она што сакате да го правите кога ќе пораснете: Сите деца цртаат само малиот Перица седи и ништо не прави.
Што е Перица немаш идеја? – го прашува таа. Што би сакал да правиш кога ќе пораснеш?
Па учителке, би сакал да се оженам за вас, вели Перица.
Да и ..? -прашyва учителката.
Сакате да ви нацртам?
Следен виц: Перица на час по биологија
На часот по биологија, наставникот правел експеримент и им се обратил на учениците: Гледате овде имам две чаши, во една има вода, а во другата алкохол.
Сега ќе ставам по еден црв и гледате во чашата со вода црвот е жив, а во чашата со алкохол не е. Каков заклучок можеме да донесеме? Ајде ти Перица кажи, вели наставникот.
Перица: Па наставнику јасно е, тој што пие ракија не фаќа глисти.
Следен виц: Зборлестиот Перица
Пишувала наставничката со десната рака по таблата кога малиот Перица како од топ викнал: Наставничке, под десната мишка имате влакна!
Наставничката се налутила: Простак еден, што има ти да гледаш таму. Собери си ги парталите и одма дома, не сакам веќе да те гледам денес.
Си отишол Перица и доаѓа на училиште наредниот ден.
Наставничката во еден момент го зема сунѓерот во левата рака и ја брише таблата, а
Перица: Наставничке, и под левата мишка имате влакна…
Грррр..простак еден, собери се и марш дома, не сакам веќе да те гледам до крајот на неделава. До понеделник не ми се појавувај пред очи!!!
Си отишол Перица па се враќа во понеделник.
Наставничката пишува на таблата, а Перица пристојно се воздржува од коментари, кога во еден момент на наставничката и паднала кредата. Се наведнала по кредата, а се наведнал и Перица…
И почнал да си ги пакува книгите и тетратките во чантата.
Го прашува наставничката: А каде се спремаш ти?
А Перица: Како што стојат работите, се гледаме следното полугодие…