3.8 C
Skopje
Friday, December 13, 2024

Детската амбасада „Меѓаши“ побара уште поголеми мерки за спречување на загадувањето

Зголеменото количество на ПМ10 честичките во воздухот секојдневно се повеќе ги трујат граѓаните на Република Македонија. Поради тоа Град Скопје одлучи да се воведе и бесплатен јавен превоз, додека пак лица над 60 години, хронично болните и бремени жени да бидат ослободени од работа.

Со реакција за загаденоста на воздухот излезе и детската амбасада „Меѓаши“ која побада да се превземат повеќе мерки за спречување на загадувањето, бидејќи како што велат тие, најмногу страдаат децата.

„Загадувањето на воздухот е еден од клучните фактори за смрт кај децата. Загадувањето на воздухот го оштетува детскиот мозок во развој. На децата им е загрозено најелементарното право: Правото на живот. Република Македонија како потписничка на Конвенцијата е должна на децата да им овозможи да живеат и да се развиваат“, велат од детската амбасада „Меѓаши“.

Загаденоста на воздухот минатиот викенд достигна алармантно ниво, а во Општина Карпош беше измерена 1.218 микрограми ПМ10 честички на метар кубен, а дозволената граница е 50 микрограми.

поврзани објави

Последни објави