Малопродажните цени на горивата од тимот на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОДИЗЕЛ вечерва од полноќ ке поскапат за 0,50 денари за литар, соопштуваат од Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛОТ ќе изнесува 53 денари по литар, додека пак ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 66,50 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе остане непроменета, односно 68,50 денари по литар.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинството ќе се зголеми за еден денар, и ќе изнесува 42 денари по литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС, пак, се намалува за 0,680 денари, па така еден килограм ќе изнесува 27,845 денари.